Андрес Иниеста кој има одиграно 131 натпревар за селекцијата на Шпанија и постигнато 11 голови, верува дека „Фуријата“ може да ја освои титулата на Евро-шампионатот.
– Последен натпревар, последен чекор но, мора да бидете цврсто на земја бидејќи Англија е тука. Се надевам дека пехарот ќе дојде во Шпанија – вели 40 годишната легенда на шпанскиот фудбал.
-Ми носи голема радост што ја доживуваме ситуацијава. Како фудбалски фанови, како земја, како фудбалери… Би сакал да доживеам такви моменти и на 80 години- изјави Иниеста.