Иман Келиф пречекана во татковината: „Им ја вративме честа на Алжирките“

Освојувачите на медали од Алжир, вклучително и боксерката Иман Келиф, добија триумфално добредојде по враќањето дома од Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Олимписката делегација предводена од освојувачите на медалите, меѓу нив и златната Келиф, беше пречекана на аеродромот, а потоа во почесната сала, во присуство на членови на семејството, беа примени од министерот за спорт, Абдерахмане Хамад.

Облечени во боите на Алжир, Келиф, гимнастичарката Кајлиа Немур и атлетичарот Џамел Сеџати мавтаа со медалите пред мноштвото навивачи кои ги поздравија со извиците „”Да живее Иман“ (Tahia Imane) и звукот на тапаните.

Три години по настапот на ОИ во Токио, каде што не предизвика никакви контроверзи, Келиф се најде во центарот на вниманието во Париз, откако лани беше суспендирана од Светското првенство (СП), откако ДНК тестовите покажаа дека има XY хромозоми и вишок тестостерон.

Сепак, доби право да настапи во Париз и да го освои златото. Многумина ја нападнаа на социјалните мрежи, а таа најави кривично гонење поради претрпената душевна болка.

По враќањето во татковината, боксерката му се заблагодари на алжирскиот народ што ја поддржа во оваа искушение и ѝ даде сила.

– Фала му на Бога, му ја вративме честа на Алжир и го развеавме алжирското знаме во Париз. Што е најважно, му донесовме радост на алжирскиот народ и им ја вративме честа на Алжирките, рече нејзиниот тренер Мохамед Чауа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО