Џејдон Санчо има два услови да се врати во Манчестер Јунајтед по неговата позајмица во Борусија Дортмунд. Англичанецот е во конфликт со менаџерот Ерик тен Хаг, па затоа додека тој е на „Олд Трафорд“ неговото враќање во дресот на „црвените ѓаволи“ е неверојатно.
Упатените велат дека односот меѓу двајцата е непоправлив и дека заминувањето на менаџерот е суштинско за потенцијалното враќање на Санчо. Вториот услов е доаѓањето н Џејсон Вилкокс, кој се очекува да биде назначен за технички директор на Јунајтед, а кој сака да му даде уште една шанса на Санчо.
Неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ е можеби и клучен сегмент од евентуалното враќање на напаѓачот во Јунајтед.