Иако повреден потпиша нов договор со откупна клаузула од половина милијарда евра!

Младиот шпански играч за врска, Марк Бернал (17) го продолжи договорот со Барселона до јуни 2026 година, со откупна клаузула од 500 милиони евра, објави шпанскиот фудбалски гигант.

– Клубот е убеден дека тој е фантастична инвестиција за иднината и тоа верување го изрази со новиот договор, соопштија од Ноу Камп, додавајќи дека кога младиот Шпанец ќе наполни 19 години, ќе има опција за продолжување на договорот за дополнителни три години.

Бернал е производ на Ла Масија, младинската академија на Барселона, а досега има три настапи за првиот тим. За жал, на крајот од август тешко се повреди на првенствениот натпревар против Рајо Валјекано кога ги скина предните вкрстени лигаменти и веројатно сезоната за него е завршена.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО