И покрај елиминацијата, Тедеско останува да ја води Белгија

И покрај тоа што вчера беше елиминирана во осминафиналето, Белгија ќе продолжи да работи со својот сегашен селектор Доменико Тедеско, пишуваат медиумите во Белгија. Белгијците без многу мака се пласираа на ЕП 2024, но не успеаја да постигнат гол на три од четирите натпревари на ова ЕП.

И иако загубија од силен противник како Франција (0:1), нивното однесување на теренот повеќе загрижуваше поради неспорните квалитети на играчите, кои не прикажаа онака како што се очекуваше. Никој од Кралската фудбалска асоцијација на Белгија (КНВБ) не спомна ниту збор за иднината на Тедеско ниту вчера, ниту денеска.

Само неофицијален извор најави дека УО ќе заседава дури во август, по неколкунеделен одмор, за да одлучи за иднината на селекторот. Самиот факт што неколку дена подоцна Белгијците ги започнуваат натпреварите во Лигата на нации говори дека никој не планира да го смени селекторот Доменико Тедеско.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО