Шпанскиот легендарен фудбалер Хуан Мата кариерата ќе ја продолжи во Австралија.
Шпанецот потпиша едногодишен договор со Вестерн Сиднеј Вондерерс како слободен играч бидејќи е без договор од јануари 2024 година кога се раздели со Висел Коби.
– Многу сум возбуден што доаѓам во единствениот австралиски клуб кој ја освои Азиската Лига на шампиони и навистина со нетрпение очекувам да стигнам таму и да почнам да тренирам и да се подготвувам за сезоната, рече Мата.