Хрватски ватерполист МВП на ОИ. Tројца Срби во идеалниот тим

Српската машка ватерполо репрезентација го освои златниот медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз. Во финалниот натпревар Србија славеше против Хрватска со 13:11. Третото место го освоија САД кои беа подобри од Унгарија, 8:8, на ненали 3:0.

На крајот беа доделени и индивидуалните награди. За најдобар играч, МВП на турнирот, прогласен е хрватскиот репрезентативец, Лорен Фатовиќ.

Тој беше убедливо најдобар играч на Хрватска, особено во нокаут фазата, во која учествуваше во 19 (девет гола и 10 асистенции) од 30-те гола на неговиот тим.

Покрај него во идеалниот тим на турнирот се уште еден Хрват, Маро Јоковиќ,како и златните Срби, Душан Мандиќ, Никола Јакшиќ и Милош Ќук.

За најдобар голман прогласен е Американецот, Адријан Вајнберг, а во најдобриот тим е и неговиот репрезентативен колега, Бен Халок.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО