Хрватска веќе славеше нокаут фаза, но Закањи во 97. минута ги шокира „коцкестите“

Шпанија рутински и очекувано ја совлада репрезентацијата на Албанија и триумфално ја заврши групната фаза на ЕП.

Но главната приказна вечерва беше на мечот Италија – Хрватска, каде се војуваше доста на терен, а завршницата донесе апсолутна драма.

На Хрватска и беше потребна победа на оваа средба, бидејки само три бода ги водеше во нокаут фазата. Лука Модриќ успеа да утне пенал, но само две минути подоцна, таа грешка ја исправа со една отпадок топка која дојде до него, шут со кој го матира Донарума за водство и големо воодушевување на Хрватска.

Како одминуваше времето, шансите се редеа на двете страни, но немаше голови, се до 97. минута, кога Италија успеа некако да го најде патот до голот на Ливаковиќ.

Се играше последната минута од натпреварот, кога по една брза акција на Италија, топката доаѓа до Закањи, кој умешно шутира во горниот агол од голот на Хрватска и ги матира „коцкестите“, а со тој гол и ги елиминира од понатамошната фаза од натпреварот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО