Хрватска ја чека „војна“ со Италија – познат е и противникот на кој ќе налетаат ако победат!

Откако се дозна конечниот расплет во групата А на европското првенство, вечерва не очекува дуел во групата Б, дуел помеѓу репрезентациите на Хрватска и Италија.

Таму веќе се знае дека патникот е Шпанија како првопласирана и нивната позиција во ниту една ситуација не е загрозена, а вечерва играат против Албанија со улога на голем фаворит.

Но во другиот дуел имаме вистинско европско дерби и „војна“ помеѓу Хрватска и Италија. Во некои сценарија, двете селекции можат да минат понатаму, но јасно е дека Хрватска мора да победи, бидејки има само еден бод од двата натпревари досега.

Златко Далиќ направи одредени ротации во тимот за овој натпревар, а се очекува од тимот да бидат елиминирани Иван Перишиќ и Марсело Брозовиќ, кои и не покажаа многу на ова ЕП.

Но она што е познато веќе сега, е ривалот кој ја очекува победничката екипа од овој дуел, тоа е селекцијата на Швајцарија, која се протна понатаму како второпласирана од групата А.

Во случај Хрватска да ја победи Италија, а Албанија да не ја победи Шпанија, така Хрватска ќе се избори за второ место и осминафинале против Швајцарија. Иста е ситуацијата и со Италија, на која и одговара и нерешено, доколку Албанија не ја совлада Шпанија.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО