Хрватска без првиот пикер на Европското првенство

Хрватската ракометна репрезентација на претстојниот Европско првенство ќе настапи без првата опција на позицијата пикер. Селекторот на Хрватска Дагур Сигурдсон нема да може да смета на Марин Шипиќ, кој има повреда на коленото.

Проблемот е голем особено што Шипиќ е првата опција за играта во напад, а другите играчи кои се на неговата позиција се пред сè дефанзивци. Тоа се: Јосип Шимиќ, Верон Начиновиќ, Леон Шушњара и Златко Раужан.

Шушњара во клубот игра пред сè игра во одбрана. Слична е ситуацијата и со Начиновиќ, кој во Кил има исто така пред сè минути во одбрана. Шимиќ во дресот на Вецлар има и напаѓачки минути, додека Раужан постојано напредува и не бил дел од големо натпреварување.

Хрватска е дел од групата што ќе се игра во Малме заедно со ко-домаќинот Шведска, Холандија и Грузија, селекција против која на 17.јануари го игра првиот натпревар.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО