Ракометната репрезентација на Холандија рутински славеше над Гвинеја со убедливи 40-23, во првиот меч од групата Д од СП 2025 што се игра во Вараждин, од која дел е и националната селекција на Македонија.
„Лалињата“ лесно ја оправдаа фаворитската улога, oд самиот старт наметнувајќи темпо што противниците не можеа да го следат.
Тен Фелде беше најефикасен во холандскиот состав со девет гола, пет постигна Ставаст, додека најдори стрелци на Гвинеја во првиот мундијалски меч во историјата беа Паске и Лебон со по четири погодоци.