Хојбјерг оди на позајмица во Олимпик Марсеј

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Пјер-Емил Хојберг, кариерата ќе ја продолжи во Олимпик Марсеј, објавија неколку угледни француски медиуми. Според информациите, францускиот гигант постигнал договор со „мамузите“ да го доведе данскиот интернационалец на позајмица, а на крајот од сезоната ќе мора да ги откупи неговите права за 15 милиони евра.

Играчот од средниот ред ќе потпише четиригодишен договор со екипата од „Велодром“. Марсеј сериозно беше во потера по искусен играч од средниот ред и се чини дека одлуката падна на Хојберг (28), кој не успеа да се избори за место во тимот на лондончани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО