Лидерот во шпанската Ла Лига Барселона во дербито на 26.коло го совлада Виљареал пред своите навивачи со 4:1. Најдобар поединец на дуелот беше Ламин Јамал кој постигна хет-трик.
Со неговите два гола Барселона на полувреме водеше со 2:0, а головите беа постигнати во 28.та и 37.та минута. Гостите од Виљареал намалија на 2:1 со голот на Пепе Геје во 49.минута. Но, Барселона постигна уште два гола. Јамал по третпат го совлада противничкиот голман во 69.минута, додека конечните 4:1 ги постави Роберт Левандовски во 90+1 минута.
Барселона по денешната победа има 64 бодови, пред Реал Мадрид со 60, додека Виљареал е трет со 51.
Фото: МИА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: