Хамилтон: Ова е кошмар, го живеам веќе некое време

Луис Хамилтон откри дека неговата прва сезона во Ферари се претворила од сон во „кошмар“. По новиот разочарувачки настап на Бразилското гран при, седумкратниот светски шампион откри дека фрустрацијата со тимот се наталожила веќе некое време.

На трката во Сао Паоло, Хамилтон претрпе судир на првиот свиок, доби казна од пет секунди и сериозно го оштети својот болид, што на крајот доведе до предвремено повлекување од натпреварот. „Ова е кошмар, го живеам веќе некое време“, рече Хамилтон., опишувајќи ја големата разлика помеѓу снот да вози за Ферари и кошмарот на реалните резултати.

И покрај лошата сезона, Хамилтон истакна дека нема да се предаде – ќе продолжи да работи со тимот и се надева на подобри резултати во наредните трки. За Ферари ова е тешка сезона, со серија слаби настапи, а Hamilton засега нема подиум откако го напушти Мерцедес.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО