Фудбалерот на Манчестер сити и Норвешка, Ерлинг Халанд, ги искажа очекувањата за претстојниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 против Италија.
– Чувствувам огромна одговорност да ја одведам Норвешка на Светското првенство. Ова го кажав многу пати. Тоа е огромна одговорност и тоа е нешто кон кое работам откако се приклучив на репрезентацијата во 2019 година. Сега сме толку блиску… Не знам дали можете да го наречете историја или нешто друго. Норвешка никогаш не се квалификувала додека сум со репрезентацијата и тоа е многу важно за мене. Повторувам, ќе направам сè што можам за да се случи тоа, изјави Халанд за „Goal.com“.
Норвешка е лидер на табелата во И-групата со 21 бод. Италијанската репрезентација има 18 бода по седум квалификациски натпревари и е втора.
Натпреварот Италија – Норвешка ќе се игра вечер од 20:45 часот во Милано.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: