Фудбалерите на Манчестер сити одлично ја почнаа сезоната во Премиер лигата, со убедливата победа на гости против Челси, на Стемфорд бриџ (2:0) и со тоа покажаа дека се најголемиот фаворит за нова титула во Англија.
Првиот гол го постигна Ерлинг Халанд, а другиот Матео Ковачиќ. Норвежанецот продолжи да дава голови, а интересно е што во текот на овој меч собори еден од негативните рекорди на Пеп Гвардиола.
Халанд постигна гол, но во текот на 90 минути игра имаше само три додавања, што е апсолутен рекорд за играч кој настапува за тим предводен од Пеп Гвардиола, кој го усоврши и системот „тики-така“, што се темели токму на пасови.
Erling Haaland becomes the first player ever to complete just THREE passes whilst playing 90 minutes under Pep Guardiola.
Record Breaker. 🏆🏆🏆 pic.twitter.com/EN5nZvs110
— Statman Dave (@StatmanDave) August 18, 2024