Манчестер Сити денеска успеа да го добие Челси во полуфиналето од ФА Купот и да обезбеди пласман во големото финале.
„Граѓаните“ само три дена по пеколните 120 минути и прошката од ЛШ, мораа да играат полуфинале против Челси, кои ги победија со 1:0, за ново финале во ФА Купот.
Пеп Гвардиола смета дека од федерацијата на Англија биле крајно нефер кон нив, поради тоа што не им овозможиле да одмраат уште еден ден и да играат во недела.
– Не знам зошто не игравме во недела, како Манчестер Јунајтед и Ковентри, кои во средината на оваа недела немаа натпревари и беа слободни. Непрофатливо е тоа што не пуштија да играме во сабота, а не недела. По сите тие емоции против Реал и начинот на кој бевме елиминрани, несфатливо е зошто ова ни го направија. Не знам како го преживеавме ова денеска, порача Пеп.
Околу победата, тој нагласи:
– Челси не убиваше во контранападите, ова беше тежок натпревар за нас. Си зборував постојано во себе, само не повторно продолженија, тоа ќе не убиеше, се наворза Гвардиола.