Гвардиола не сакал да ризикува со повредата на Ерлинг Халанд

Напаѓачот на Манчестер Сити – Ерлинг Халанд, беше принудно заменет во контролата на „граѓаните“ против Барселона во САД. Норвежанецот играше во првото полувреме од натпреварот кое заврши 2:2, но беше заменет на паузата.

По натпреварот, предводникот на шампионот на Англија, Пеп Гвардиола изјави дека Халанд ја напуштил играта бидејќи чувствувал непријатност. Гвардиола рече дека тоа е проблем со мускулите.

„Имаше проблеми и не се чувствуваше добро. Со проблемите во мускулите не вреди да се ризикува. Би било проблем да го загубиме на две или три недели, а голем дел од нашиот тим се уште е на одмор“, рече Гвардиола.

Првиот официјален натпревар на Манчестер Сити во новата сезона е на 10 август против Манчестер Јунајтед во пресметката во Комјунити Шилд купот со што започнува новата сезона во Англија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО