Гвардиола: Начинот на кој игравме во нападот против Вест Хем треба да се подобри

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го критикуваше својот тим и покрај победата со 3:0 над Вест Хем во 17. коло од англиската Премиер лига.

– Начинот на кој игравме во нападот треба да се подобри. Во спротивно, нема да биде доволно за да останеме во конкуренција за титулата во март и април. Вест Хем е добар тим. Но, сакам да бидам искрен со себе. Им реков на играчите „Среќен Божиќ на сите, но нема да биде доволно ако не се подобриме. Бернардо Силва е мојата слабост. Тој е фантастичен, но денес требаше да игра подобро. Тој е мојата слабост, мојот фаворит, но денес не сум задоволен од него, рече шпанскиот тренер на прес-конференцијата.

Манчестер сити е на врвот на табелата во англиската Премиер лига со 37 бода по 17 натпревари.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО