Гвардиола: Кафу, Занети, Тирам… Вокер е иста класа

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, му оддаде почит на својот поранешен играч, Кајл Вокер, пред неговото враќање на „Етихад“ во редовите на Барнли.

Шпанскиот стручњак истакна дека го рангира 35-годишниот англиски бек рамо до рамо со легенди како Кафу, Хавиер Занети и Лилијан Тирам.

„Апсолутно. Тој е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Кога требаше да го контролираме тимот со најдобрите крила, спиев како бебе знаејќи дека Вокер е таму. Со неговата брзина, можеше да ги запре дури и првокласните играчи“, рече Гвардиола.

Вокер помина осум сезони во дресот на Сити, беше и капитен – освои шест титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите и шест домашни купови.

Дел од минатата сезона го помина на позајмица во Милан, а ова лето се пресели во Барнли.

„Неверојатна фигура во соблекувалната, секогаш беше тука и во добро и во лошо. Минатата сезона беше тешка за сите нас, но не сакам да судам за играч само по краток временски период. Тој беше неверојатен за мене“, заклучи Гвардиола.

Сити го пречекува Барнли во сабота во 16 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО