Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, наводно, веќе го одобрил планот за враќање на Илкај Гундоган од Барселона летово.
Гундоган се поврзува со поранешниот клуб, откако се дозна дека сака да ја напушти Барселона по ангажирањето на Дани Олмо, кој покрај Гундоган, ќе биде еден од најплатаните во тимот.
Се истакнува дека Гундоган веќе стапил во контакт со Сити за евентуален трансфер, а Фабрицио Романо известува дека Гвардиола би го поздравил враќањето на играчот од средниот ред.
🚨🔵 Understand Pep Guardiola has already approved Ilkay Gündogan’s return to Manchester City.
Pep wants Gündo back as talks are now taking place with his camp, first contact made yesterday.
Decision up to Gündogan as he has proposals also from Saudi/Qatar; Man City, on it. pic.twitter.com/7jdk9l6WiD
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 20, 2024
Гермаецот има понуди од Саудиска Арабија и од Катар, но не би било изненадување доколку се врати во поранешната екипа. Во трансферот на Гундоган, Барса би можела да го вклучи Жоао Кансело.