Илкај Гундоган сака да ја напушти Барселона во летниот преоден рок. Каталонскиот клуб минатото лето без обештетување успеа да го доведе Гундоган од Манчестер сити со очекување тој да стане главна ѕвезда во тимот.
Тој потпиша договор на две години, се очекуваше да им биде ментор на помладите колеги, а и самиот сакаше да и помогне на Барса да се стабилизира.
Сега, сепак, сака да си замине. Незадоволството почна минатата сезона откако Барселона загуби од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Во првиот натпревар каталонскиот клуб победи со 3:2 во Франција, а потоа претрпе пораз од 4:1 на домашен терен. Тогаш германскиот репрезентативец целата вина ја префрли на Роналд Араухо, кој доби црвен картон во 29. минута.
Следеа тензии во соблекувалната, кои очигледено се’ уште не се смириле. Јасно е дека Гундоган не сака да остане во Барселона. Тој одржал состанок со спортскиот директор, Деко и со тренерот Ханси Флик и им кажал дека нема намера да остане во Барса.