Александро Грималдо вели дека е голема чест да се носи дресот на Шпанија без разлика за какво натпреварување станува збор. Неговата земја на ЕП ја чека меч со Грузија.
– Притисокот е секогаш тука. Затоа што тоа е дрес на Шпанија. Менталитетот на секој добар играч е дека тој и неговиот тим можат да победат секого – вели фудбалерот на „фуријата“.
– Работиме да бидеме подготвени да ја победиме Грузија и да се пласираме во наредната рунда. Сакаме да играме атрактивен фудбал – потенцираше Грималдо за официјалната веб-страница на УЕФА.