Брегалница има максимални шест бода по две кола во второлигашката конкуренција откако на гости го победи Новаци со 0-2. Даноски во 21-та минута и Глигоров во 61-та минута беа стрелци на головите за штипскиот тим.
Победа на домашен терен беше убедлива и го декласира Борец со 5-0.
Аресими исто така стигна до втор триумф откако на гостински терен славеше против ГФК Охрид со 2-4.
Кожуф победи на гости со 1-3 против Вардарски, а Вардар Неготино и Беласица ремизираа 2-2.
Осогово и Скопје исто така поделија по еден бод, играјќи 1-1.
Утре се игра натпреварот меѓу Башкими и Македонија ЃП.