Ѓорческа се пласираше во финале во двојки на турнирот во Љубљанаж

Maкедонската тенисерка, Лина Ѓорческа со својата партнерка Џил Тајхман ќе игра финале во двојки на ВТА Челинџер турнирот во Љубљана кој е со награден фонд од 100.000 евра.

Во денешното полуфинале, Ѓорческа и Тајхман беа подобри од Естел Касино (Франција) и Анастасија Детиук (Чешка) откако победија со 2-0 во сетови (6-1, 6-2).

Натпреварот траеше само 58 минути.

Нашата тенисерка и нејзината партнерка од Швајцарија ќе играат со Ромеро Гормаз (Шпанија) и Нурија Бранкачо (Италија) за трофејот од турнирот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО