Ѓорческа пред Австралија опен: Сон на секој тенисер е настап на Грен слем турнир

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на стартот од новата сезона ја очекува настапот на Австралија Опен во Мелбурн.

– Во јануари е почетокот на сезоната и не може да се има поубав старт од Австралија опен. Се подготвувам за успешен настап. Еднаш бев многу блиску и се надевам дека сега ќе го скршиме мразот и ќе изборам пласман на главниот турнир, изјави Ѓорческа за официјалниот сајт на Македонската тениска федерација.
Ѓорческа трета година ќе биде дел од квалификациите на првиот грен слем во календарската година, а со својот прв настап во Мелбурн беше на чекор до главниот турнир.

– Сон на секој тенисер е да учествува на Грен слем турнирите, така и за мене. Се надевам дека ќе имам учество и на „главен турнир“, но оваа година ќе има и настапи на повеќе ВТА турнири, изјави Ѓорческа.
За настапот во Австралија опен, најдобрата македонска тенисерка се подготвува во Скопје, а за Мелбурн ќе патува на 4. јануари.
ФОТО: МТФ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО