Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W50 ИТФ турнирот во Трнава. Таа во меч од второто коло загуби со 2:0 во сетови (6:2 и 6:1) од Британката Амарни Бенкс.
Противничката имаше комплетна контрола во мечот, а во двата сета имаше по два брејка што и донесоа сигурен триумф.
Ѓорческа ја очекува настап на уште еден турнир следната недела во Трнава. Тој турнир е од повисок ранг W75 и наградниот фонд изнесува 60.000 долари.
Фото: МТФ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: