Кошаркарскиот тренер, Владимир Гомељски (70), син на легендарниот Александар Гомељски, направи кратка анализа за претстојните четвртфинални мечеви на машкиот олимписки турнир во Париз.
– Мислам дека фаворитот во мечот меѓу Германија и Грција е јасен. Германскиот тим изгледа многу убедливо. На мечот Србија – Австралија нема да го именувам фаворитот.
Меѓу Франција и Канада, покоординирана и повеќе тимска работа има во тимот на Канада. Франција се’ уште има проблеми со позицискиот напад.
Бразилците не ќе можат да им пружат поголем отпор на Американците, напиша Гомељски на социјалните мрежи.