Селтик вечерва беше најефикасната екипа во Лигата на шампионите, тие во првото коло ја победија екипата на Слован Братислава со 5:1.
Од останатите натпревари, Борусија Дортмунд оствари гостинска победа во Белгија кај Клуб Бриж со 2:0, а творци на победата беa Гитенс со два гола и Гираси.
Во Париз се случуваше вистинска драма во финишот од средбата, ПСЖ цел натпревар не можеше да го скрши отпорот на новајлијата Жирона, па во 91. минута од натпреварот, Нуно Мендеш постигна гол за три бода, во оваа ситуација голманот на Жирона беше трагичар, топката му пројде низ нозе.
Ова за Жирона е прва историска сезона во ЛШ и беа навистина блиску до првиот историски бод, но голманот направи неверојатен превид и топката буквално му пролизга низ рацете.
Во Манчестер, домаќинот Сити не успеа да го добие Интер, па натпреварот неочекувано заврши без голови и победник (0:0).
Le PSG s’en sort miraculeusement face à Girone grâce à une erreur de Paulo Gazzanigapic.twitter.com/F4NeMs9ul8
— Ballon Rond (@ballonrondfc) September 18, 2024