Големи три бода за Барнли – Лутон се спаси во 90. минута

Фудбалерите на Барни остварија важна победа со што ги задржаа шансите некако да го изборат опстанокот во Премиер лигата.

Избраниците на Винсент Компани на домашен терен беа подобри од тимот на Брентфорд со резултат 2:1.

Домашната екипа имаше голема помош во форма на црвен картон кој го доби Серхио Регилон, кој беше испратен во соблекувалната од судијата Бонд, кога реализираше пенал во деветтата минута. Брун Ларсен беше прецизен од белата точка и така Барнли дојде во водство.

Дека домашните на овој меч ќе стигнат до трите бода посочи Давид Фофана, кој во 62. минута го удвои водството на својот тим.

Кристофер Ајер ја искомплицира ситуацијата на теренот на крајот од мечот, кога постигна гол. До крајот на натпреварот гостите напаѓаа за да дојдат до бод, но не успеаја, па домашните се радуваа на крајот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО