Екипата на Мерцедес оствари голема победа на денешната трка во Белгија.
Џорџ Расел оствари победа на легендарната патека „Спа Франкоршамп“, пред неговиот тимски колега Луис Хамилтон и на третото постолје беше возачот на Мекларен, Пијастри.
Во топ10 пласманот на крајот беа уште и Шарл Леклер, Макс Верстапен, Ландо Норис, Карлос Саинц, Чеко Перез, Фернандо Алонсо и Себастијан Окон.
Ова е трета победа на Мерцедес оваа сезона, но Џорџ Расел посебно ќе ја сеќава бидејки за него ова е од исклучителна важност. Имавме тројца возачи на подиум во растојание од 1,1 секунда, што на патеки како „Спа Франкоршамп“ е нешто неверојатно.
Инаку Џорџ Расел дефинитивно имаше свој ден, тој остана на исти пневматици цели 34 кругови и на крајот во директен дуел за победа го симна својот колега Луис Хамилтон.