Голем ПРЕСВРТ на Годинешното Собрание: Се бара оставка од Антиќ – еве што се случи

Годинешното Собрание на Кошаркасрката Федерација на Македонија доби своја непосакувана увертира уште пред истото да биде свикано, а сите препукавања од изминатите неколку дена добија свој заплет ова попладне.

Иницијативниот одбор за разрешување на Перо Антиќ очигледно зема се поголем замав и денешното Собрание започна со барање до Управниот одбор, односно се побара да биде додаден член во Дневниот рез за реизбор на нов претседател.

Ова барање го доставија Борец Баскет и МКК Вардар, со тоа што член на вториот клуб побара да се додаде член со кој би се разрешиле Перо Антиќ, но и целиот Управен одбор.

Кошаркарската Федерација на Македонија досега прифати четири од петте предлози, а последниот е поврзан за разрешувањето на актуелниот претседател.

КФСМ порача дека според статутот еден избран претседател не може да биде разрешен минимум две години од отпочнатиот мандат, а во случајот на Перо Антиќ, споменатата временска рамка истекува на крајот на март наредната година.

– Мандатот на еден претседател на Федерацијата трае четири години, но минимум две години од започнат, обновен или потврден мандат, не може да се поднесува Иницијатива од страна на членките за разрешување на истиот. Во поглед на предложените променети точки, тие не можат да бидат гласани. Самата содржина и барањето за промена на претседателот исто така е спротивна на Статутот, – појасни правниот тим на КФСМ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО