Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри (ОИ) во Париз победувајќи го Германецот, Доминик Кепфер со 7:5 и 6:3 во мечот што траеше 54 минути.
Ѓоковиќ во Париз атакува на вториот олимписки медал, по бронзата во Пекинг пред 16 години. Противник во четвртфиналето ќе му биде Гркот, Стефанос Циципас против кого Ѓоковиќ има позитивен биланс, победи на 11 од 13-те меча.