Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето од Олимписките игри, откако го совлада Стефанос Циципас со 2:0, во четвртфиналниот дуел во Париз.
По мечот, Ѓоковиќ не беше така еуфоричен каков што е познат, па изрази дека е загрижен за тоа дали ќе може да излезе на терен да игра во полуфиналето.
– Загрижен сум многу, не знам што друго можам да ви кажам. Го завршив мечот, но имав доста силни болки. Дали се удрив или проклизав, не знам ни сам. Се изгледаше како од 4. коло од Ролан Гарос, каде успеав да го завршам мечот, а потоа дознав дека имам повреда. Задоволен сум од победата, но загрижен дали ќе можам да играм.
Новинарите го прашаа дали ќе може да игра во полуфиналето, а тој одговори:
– Не знам, што треба да се случи за да играм? Тоа треба да се случи, истакна Ѓоковиќ и го бакна крстот кој го имаше на себе.
Инаку тој го повреди коленото, она исто кое го оперираше пред два месеци, па сега останувада се види дали ќе има сили да игра во финишот.