Новак Ѓоковиќ со вчерашната победа против Гркот, Стефанос Циципас, стана највозрасниот тенисер во историјата на Олимпискките игри (ОИ) кој успеал да обезбеди место во полуфиналето во поединечна конкуренција.
Србинот успеа тоа да го направи на возраст од 37 години и 73 дена. Ѓоковиќ за место во големото финале и златниот медал ќе игра со Италијанецот, Лоренцо Мусети, (вечерва од 19 часот) кој направи изненадување и го елиминираше Германецот, Александар Зверев.
Ѓоковиќ стигна до четвртото полуфинале на олимпискиот турнир во сингл, што е двојно повеќе од кој било друг откако тенисот се врати на ОИ 1988 година.
4 – Novak Djokovic has made four Singles semi-finals at the Olympics: twice as many than any other player since tennis returned to the Summer Olympics program in 1988. Joker.#Olympics #OlympicGames #PARIS2024 | @Paris2024 @atptour pic.twitter.com/DFkYP6tVSH
— OptaAce (@OptaAce) August 1, 2024