Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерс турнирот во Монтреал, по вчерашната победа против Рафаел Надал на Олимписките игри (ОИ) во Париз, објави АП.
– Иако сме разочарани што Новак нема да може да учествува на годинашниот турнир, ја разбираме неговата одлука и му посакуваме се’ најдобро на Олимписките игри и во остатокот од сезоната, изјави директорот на турнирот Валери Тетро.
Местото на Ѓоковиќ во главниот ждреб ќе го заземе рускиот тенисер Роман Сафиулин. Турнирот во Монтреал ќе се игра од 6 до 12 август.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: