Ѓоковиќ го одреди турнирот на кој ќе ја почне новата сезона

Новак Ѓоковиќ наредниот месец со настап на тенискиот турнир во Бризбејн ќе ги почне подготовките за Австралија опен, потврдија организаторите на турнирот на кој Ѓоковиќ прв и единствен пат настапи во 2009 година.

Тенискиот турнир во Бризбејн ќе се одржи од 31 декември до 7 јануари, по што од 12 јануари ќе првиот грен слем турнир во 2025-та, во Мелбурн.

Српскиот тенисер, рекордерот според бројот на грен слем титули (24) и за многумина најдобриот тенисер на сите времиња, лани победи само на тенискиот турнир на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Бризбејн ќе му понуди нова можност за освојување на 100-та титула во кариерата на АТП турнирите. Само Џими Конорс (109) и Роџер Федерер (103) имаат освоено 100 и повеќе титули во машка конкуренција.

Ѓоковиќ, моментално седмопласиран на АТП листата, нема играно од средината на октомври, кога на Мастерсот во Шангај беше поразен од Јаник Синер.

На турнирот во Бризбејн, од серијата 250, на кој ќе играат уште Григор Димитров, Холгер Руне и Френсис Тиафо, ќе биде и Ник Кирјос. Со овој турнир австралискиот тенисер се враќа на терените од кои поради повреда отсуствуваше од јуни 2023 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО