Ѓоковиќ елиминиран на САД опен: На моменти, изгледав како аматер

Новак Ѓоковиќ е поразен и елиминиран во 3. коло од САД опен, откако подобар од него беше Александер Попирин.

Австралиецот го доби Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:4, 2:6, 6:4 и на тој начин го совлада еден од фаворите на овој турнир.

Новак Ѓоковиќ беше свесен за одредени недостатоци во неговата игра, па по натпреварот самиот призна каде и како грешел, по што следувала елиминација.

– Одигра подобро и треба да му се честита, ја заслужи победата. Од моја страна, уште од стартот на овој турнир како што се чувствував, третото коло е сепак успех. Убедливо го имав најлошиот сервис на оваа брза подлога, а така не може да се победи овде, посебно не против момче како што е Алексеј. Ужасен меч за мене, порача Ѓоковиќ.

Новинарите го потсетија на Олимписките игри, дека тој изгледаше фантастично.

– Тоа беше друга подлога во Париз, потрошив многу енергија после тоа и не бев истиот кога дојдов овде, не бев свеж ментално и физички. Останав без гас. Не се најдов овде, тоа е се што можам да кажам, на моменти изгледав аматерски. Животот оди понатаму, ќе се прегрупиран и ќе видам што ме чека во иднина, се надоврза Ѓоковиќ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО