Новак Ѓоковиќ наскоро ќе се појави на мини турнир во Бугарија, односно на еден егзибиционистички меч,кој ќе се оддржи на 17 септември и тоа ќе игра против домашниот тенисер Григор Димитров.
Мечот ќе биде од егзибиционистички карактер, а тежината на името на српскиот тенисер јасно укажува на тоа дека трибините ќе бидат полни до последното столче.
И овде се гледа колку голема ѕвезда е Новак Ѓоковиќ, луѓето едноставно го обожаваат и сакаат да го гледат во живо, а за овој натпревар, верувале или не, картите биле распродадени за 8 минути.
Како што извести организаторот во Бугарија за овој меч, распродадени се 8.800 влезници во рок од неполни осум (8), минути.