Ѓока претставен, пред Шкупи се „пет финалиња!“

Откако Шкупи се раздели со Младен Жижовиќ, фудбалскиот клуб од Чаир во иднина ќе биде предводен од албанскиот стратег Ернест Ѓока.

Познато е дека Ѓока претходно ја водеше и Шкендија од Тетово до шампионската титула во ПМФЛ, сезоната 2020/21.

Договорот на Ернест Ѓока со Шкупи е на последните пет натпревари од оваа сезона, како и целата наредна сезона, со опција за продолжување на договорот за уште една година.

– Задоволен сум од доаѓањето во Шкупи, ова е квалитетна фудбалска екипа. Сенадевам дека сите заедно ќе ги добиеме петте финалиња кои се пред нас, па зошто да не освоиме и титула во првенството, порача Ѓока на претставувањето и потписот на договорот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО