Третата светска тенисерка, Американката, Коко Гоф (20) во супериорен стил ја почна одбраната на титулата на САД опен во Њујорк. Таа ја совлада 66-та светска тенисерка, Французинката, Варвара Грачева во два сета, со 6:2, 6:0, за 66 минути игра.
Гоф забележа 10 „аса“ и петпати и го одзеде сервисот на противничката која не направи ниту еден брејк. Таа во второто коло ќе игра против Германката, 37-годишната Татјана Марија која беше подобра од квалификантката, Аргентинката, Солана Сиера, 6:2, 6:3.
Олимписката шампионка од Париз, Жен Чинвен од Кина се пласира во второто коло откако ја совлада Американката Аманда Анисимова, со 4:6, 6:4, 6:2. Следна противничка на Жен ќе и биде Русинката, Ерика Андреева која ја елиминира Јуе Хуан од Кина со со 6:3, 7:6.