Годфри од Евертон се сели во Аталанта

Аталанта, победникот во Лига Европа (ЛЕ) ќе потпише договор со дефанзивецот на Евертон, Бен Годфри. Според неколку италијански извори, Годфри (26) ќе биде замена за Џорџо Скалвини кој го пропушти Европското првенство (ЕП) поради повредата на крајот од ланската сезона и подолго време ќе паузира.

Англичанецот веќе е во Бергамо на медицински прегледи, по што треба го потпише договорот со Аталанта. Тој најпрвин ќе мора да се избори за место во првиот тим на Џан Пјеро Гасперини и со текот на времето се очекува да биде стартер.

Дефанзивецот Годрфи ќе потпише петгодишен договор за сума од девет милиони евра, плус бонус од еден милион евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО