Го прашаа Обрадовиќ дали очекува помош од Црвена Звезда – еве што одговори

Жељко Обрадовиќ беше задоволен од начинот на кој неговите избраници му се спротивставија и победија против Задар во АБА лигата.

Партизан во 26. коло од АБА лигата, го победи Задар со 113:74 за крај на лигашкиот дел од регионалното натпреварување.

– Им благодарам на навивачите што дојдоа да не бодрат, иако овој натпревар немаше големо резултатско значење.

Ова беше увертира за Партизан пред последниот меч од Евролигата, меч кој го играат во петок од 20:30 часот во белградската арена против Валенсија.

Партизан повеќе не зависи сам од себе, туку мора да се надева дека Црвена Звезда ќе победи во Истанбул против Ефес, што е малку веројатно сценарио.

– Немам што да коментирам околу тоа, ќе се подготвуваме за Валенсија и тоа е тоа. Ќе одиграме со најголеми амбиции на овој натпревар, тоа е се што можеме да направиме во овој момент за нас, порача Обрадовиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО