Го критикува Дончиќ за да привлече внимание. „Мрзлив е, премногу бавен и не игра одбрана“!

Членот на легендарниот „шоутајм“ тим на ЛА Лејкерс од 1980-те, Мајкл Купер се најде на насловните страници во светските медиуми поради острите зборови упатени до словенечката НБА ѕвезда, Лука Дончиќ.

– Да, речиси на секој натпревар има трипл-дабл, но премногу е бавен. Може лесно да постигне кош, но мрзелив е и не игра одбрана. Такви играчи не би играле во мојот тим,  изјави Купер за време на гостувањето во еден подкаст.

Дончиќ на 25 години се етаблира како еден од најдобрите НБА играчи. Пет пати беше избиран за Ол-стар викендот, а минатата сезона заедно со Кајри Ирвинг ги предводеше Далас маверикс до големото финале во кое загубија од Бостон селтикс.

Во НБА кариерата Дончиќ има просек од импресивни 28,7 поени, 8,7 скока и 8,3 асистенции по натпревар.

Купер беше познат како специјалист за одбрана на Лејкерс кои доминираа во лигата. Тој пет пати ја освојуваше шампионската титула во НБА, а во 1987 година беше прогласен за одбранбен играч на годината.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО