Го донесоа Стерлинг, но по ремито со Брајтон, Артета му го прекина договорот на еден играч

Арсенал во последните часови од трансфер периодот, успеа да го донесе Рахим Стерлинг на позајмица од Челси, а синоќа Артета официјално ја заврши соработката со уште еден играч.

Ова лето беше доста прометно во Арсенал кога се во прашања трансферите во два правци, излезни и дојдовни.

Клубот од Емирати го напуштија Смит Роу, Арон Рамсдејл и Еди Енкети во последната недела, а има и фудбалери кои заминаа на позајмица оваа сезона.

Веќе од претходно беше познато дека Арсенал ги донесе Давид Реја, Калафиори, Микел Мерино и сега на крајот Рахим Стерлинг.

Но сепак, по ремито со Брајтон на Емирати, Артета одлучи на еден играч да му го прекине договорот, а станува збор за еден дефанзивец. Омар Рекик повеќе не е фудбалер на Арсенал, откако не успеа да се избори за шанса да заигра за првиот тим на „топчиите“ од Лондон.

Многу очекуваа од овој млад дефанзивец, но на крајот беше донесена одлука неговиот договор да биде прекинат, па како слободен играч тој ќе може да си бара нов клуб во следните недели.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО