ГН на Холандија ќе се одржува до 2026 година

Трката за Големата награда (ГН) на Холандија во Формула 1 (Ф1) шампионатот на патеката Зандворт ќе се одржува до 2026 година, беше објавено на официјалната интернет страница на ова атпреварување.

Во соопштението се наведува дека претставниците на Ф1 и промоторите на трката за ГН на Холандија го продолжиле договорот до 2026 година.

– Промоторот на трката по многубројните дискусии донесе одлука трката да не се одржува по 2026 година, се додава во соопштението.

Четирикратниот последователен шампион во Ф1, возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на трите трки по „враќањето“ на ГН на Холандија во календарот во 2021 година. Возачот на Мекларен, Ландо Норис, славеше сезонава.

– Ние сме компанија во приватна сопственост, мораме да ги балансираме можностите кои продолжувањето на настанот ни ги обезбедува со други ризици и одговорности. Ќе имаме уште две неверојатни холандски трки за ГН во 2025 и 2026 година – изјави директорот на трката, Роберт ван Овердијк.

Трката за ГН на Холандија следната година ќе се одржи на 31 август, а распоредот за 2026 година се’ уште не е утврден. Од Ф1 додаваат дека во 2026 година за прв пат ќе се одржи и спринтерска трка во Зандворт.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО