Манчестер Јунајтед не само што се соочува со слаба форма, туку и со наезда на глувци.
Измет од глувци бил откриен на култниот стадион „Олд Трафорд“ при инспекциска посета. Поради ова, наместо максималните пет, стадионот доби само две ѕвезди.
Претставниците на клубот работат со партнерите за контрола на штетници и локалниот совет за да спроведат мерки за решавање на проблемот.
Стадионот се наоѓа на проблематична локација во Манчестер, помеѓу канал и железничка линија.
Јунајтед го имаше овој проблем и во 2015 година, а се влошува во зимскиот период кога температурите се ниски.
Клубот сака што поскоро да си го врати добриот рејтинг, а ниту еден од наодите не беше во областа каде што се подготвува храна.
„Манчестер Јунајтед работи со силен систем за контрола на штетници на „Олд Трафорд“, соопшти ПР на клубот.
За потсетување, стадионот е изграден во 1910 година, а сегашниот капацитет е околу 74.000 седишта.