Германците играат до последната секунда: Фулкруг ја спаси честа на „панцирите“

Репрезентациите на Швајцарија и Германија вечерва во последното, 3. коло, одиграа без победник (1:1).

Ова е резултат кој секако ги носи и двете репрезентации во нокаут фазата, а Германија успеа да се спаси со гол во судиското надополнување и како првопласирана да влезе во елиминациите.

Швајцарија на оваа средба уште од 28. минута имаше предност, со голот кој го постигна Ндоје, а таа предност ја негуваа се до 90+, кога за Германија гол постигнува Фулкруг и и носи бод на својата репрезентација, за прво место во групата и пласман во следната фаза.

На вториот натпревар од оваа група, Шкотска и Унгарија, гостите однесоа минимална победа со 1:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО