Германците бараат фиксни 100 милиони за Олмо

Екипата на РБ Лајпциг ја одбила понудата на Барселона испратена за потписот на напаѓачот, Дани Олмо, објавија дел од медиумите во Европа.

Пред неколку дена истече клаузулата во договорот на фудбалерот која му дозволуваше да замине за 60 милиони евра. Германците не се задоволни од сумата која ја понудиле Каталонците во која биле вклучени и одредени бонуси.

РБ Лајпциг бара вкупно 100 милиони евра за репрезентативецот на Шпанија кој неодамна со „Фуријата“ ја освои титулата на Европското во Германија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО