Капитенот на германската репрезентација, НБА асот, Денис Шрудер одговори на провокацијата на американскиот репрезентативец, Кевин Дурант.
На Дурант не му се допадна изјавата на Шрудер на прес-конференцијата по поразот од Србија во борбата за бронза, па реши да го „пецне“ германскиот капитен.
Шрудер тогаш изјави дека НБА лигата е најдобра на светот, но и оти Европејците полека и се доближуваат.
– Во европската кошарка нема забава. Европската кошарка е со висок коефициент на интелигенција, со многу строги тренери, се бара многу мозок.
Србија, Грција, Шпанија, Франција, Германија… Тоа се репрезентации кои знаат да играат, кои имаат одлични играчи и мислам дека луѓето од Европа направија голема работа во НБА, рече Шрудер.
Откако го освои златото со САД, Дурант сподели фотографија од подиумот со коментар: „Забава и коефициент на интелигенција“.
ENTERTAINMENT & IQ pic.twitter.com/2e9dopdrJi
— Kevin Durant (@KDTrey5) August 11, 2024
Тоа не му се допадна на Шрудер, кој одговори на провокацијата на американскиот колега.
– Тие победија, а Кевин Дурант напиша на Твитер: „Забава и коефициент на интелигенција“. За мене, тоа е знак на слабост. Ти си изгледа таков вид на ѕвезда, што мораш да и кажеш такво нешто на личност како мене која немаше намера да биде негативна, рече Шрудер и додаде:
„Тоа е она што го гледам од двете страни, знаете што сакам да кажам? Не ми се допадна. Не ми е гајле, но на крајот, тој твит или што и да е, беше поради мене.
Никогаш не сум имал негативни намери, ги почитувам сите тие момци, сите големи играчи, но да каже такво нешто, ми покажува колку е слаб како личност“.